Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum го отвори процесот за пријавување на кампањи за натпреварувачкиот дел на овогодишното издание. Право на учество имаат сите кампањи кои првпат биле емитувани, објавени или јавно претставени помеѓу 22 август 2024 и 22 август 2025 година.
Агенции, огласувачи, медиумски компании и креативци од 42 земји се поканети да ги достават своите најдобри проекти најдоцна до 22 август 2025 година, и тоа во шест категории: One-Channel Drum; Omni-Channel Drum; Craft Drum; Creative Media Excellence Drum; Creative Business Excellence Drum; и All Juries Section (специјална селекција на сите жирија).
Единствената категорија отворена за апликации од целиот свет е „Game Changer“, група наменета за кампањи кои се истакнуваат со иновативни пристап во огласувањето.
Фестивалот Golden Drum повторно ќе ги награди „најдобрите меѓу најдобрите“ во светот на огласувањето, на 13 и 14 октомври 2025 во Порторож, Словенија.
Што има ново?
Новитети во овогодинешниот процес на апликација, како одраз на променливиот пејзаж на индустријата:
- Транспарентност за употреба на вештачка интелигенција – Воведено е ново прашање кое бара од учесниците да наведат дали и како технологијата на вештачка интелигенција била користена во нивните проекти.
- Прашање за културен контекст – За да се истакне важноста на локалните пазари, прашањето за културниот контекст на проектите ќе се применува кај сите натпреварувачки групи и категории.
Оваа година го означува почетокот на ново возбудливо партнерство со thenetworkone, посветено на поддршка на независните агенции кои често се соочуваат со предизвици во стекнувањето глобално признание. Преку оваа соработка, проектите кои ќе освојат Grand Prix или златна награда, а се реализирани од независни агенции, автоматски ќе се квалификуваат за Indie Awards 2026.
Понатаму, континуираното партнерство на Golden Drum со Little Black Book осигурува дека сите добитници на Grand Prix добиваат директен влез во натпреварот The Immortal Awards, дополнително зголемувајќи ја нивната видливост и препознатливост во рамки на индустријата.
Резултатите од Golden Drum исто така ќе бидат вклучени во AdForum Business Creative Report, уникатно рангирање на најнаградуваните кампањи во светот според индустриски сектори.
Котизација
Сите учесници на фестивалот Golden Drum можат да ги искористат различните ценовни поволности:
- Регистрација Super Early Bird – до 25 април 2025 година.
- Регистрација Early Bird – до 27 јуни 2025 година.
- Стандардна регистрација – до 22 август 2025 година.
Важни датуми
Краен рок за аплицирање: 22 август 2025 година (до 23:59 часот по средноевропско време)
Објавување на финалистите: 30 септември 2025 година (08:00 по средноевропско време)
Наградна церемонија на Golden Drum: 14 октомври 2025 година.
Сите информации за учество на фестивалот Golden Drum се достапни на следниот ЛИНК.