Компанијата Амазон го отвори својот прв супермаркет без каси, во кој нема чекања во ред, ниту купување во кеш или плаќање со картица на каса
Супермаркетот „Go Grocery“ е отворен во Сиетл, град во кој е отворен и Амазон. Купувачите се регистрираат кога влегуваат во продавницата со скенирање на апликацијата на нивниот мобилен телефон. Камерите и сензорите следат што е земено од полицата, а наплатата се врши од сметката на „Амазон“ по излегувањето од продавницата.
„Ја сакам практичноста на буквално грабање и одење“, рече Арт Кунјуки, менаџер за плати, кој во новоотворениот пазар купи чоколадо, тестенини и некои други намирници, пренесува АП.
Кога правите семејно купување, се скенира само еден телефон и преку него се вршат купувањата, а сè што зема од продавницата се наплаќа од картичката на корисникот која е скенирана преку телефонот при влезот.
Во Лос Анџелес, тие планираат да отворат самопослуга, но од друг вид, во која нема да користат технологија без каси, но сеуште не сакаат да дадат детали. Компанијата не сака да каже дали планира да отвори уште Go Grocery продавници.
Тие исто така велат дека нема да ја донесат таа технологија во продавниците за намирници “Whoole foods“ коишто ги купиле пред три години.
Амазон не е единствениот што планира да отвори продавници без чекање во ред и без паричник. Претходно овој месец „7/Eleven“ го најави тестирањето на такви продавници во Ирвинг, Тексас.