Отворен е рокот за пријавување на кампањи за BalCannes, најголемата манифестација за избор на најдобрите маркетинг проекти од регионот. HURA и Weekend Media Festival ги повикуваат сите маркетинг агенции од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора да ги пријават своите проекти до 1 септември 2016 година.
Маркетинг агенциите кои ќе се пријават добиваат единствена можност да се претстават пред илјадници огласувачи, потенцијални клиенти, маркетиншки и комуникациски експерти од регионот, и за најоригиналните проекти, за прв пат од основањето на BalCannes, да освојат и престижни награди кои ќе им ги додели жири составено од претставници од огласувачи.
“Оваа година, огласувачите ќе ја изберат најдобрата кампања и најдобрата агенција на BalCannes. Жирито составено од огласувачи ќе одлучува за најоригиналните проекти на BalCannes и ќе направи преглед на 25 најдобри во регионот,” појаснува Давор Брукета, претседател на Управниот одбор на HURA.
Иако најавуваат новитети, организаторите н BalCannes HURA (Hrvatsko udruženje agencija za tržišno komuniciranje) и Weekend Media Festival не го менуваат основниот концепт на самата манифестација, па така, и оваа година сите пријавени кампањи во текот на целата година ќе бидат достапни на BalCannes Yellow Pages (www.balcannes.com), додека пак најуспешните помеѓу нив ќе бидат дел од прегледот на 25 најдобри кампањи од регионот, единствена можност што ја нуди BalCannes, како и презентација на главната сцена на Weekend Media Festival.
Пријавувањето за BalCannes е отворено за сите заинтересирани агенции и се спроведува исклучиво онлајн на веб-страницата www.balcannes.com.