South Central Ventures наредната среда со почеток од 17:30 часот организираат AMA (Ask Me Anything) сесија со Татјана Забасу, менаџмент партнер и директор на канцеларијата во Скопје, која ќе се одржи во Seavus инкубаторот (локација) во Скопје.

South Central Ventures е менаџер на ENIF и располага со 40 милиони евра наменети за инвестиции во балкански технолошки („tech”) компании и стартапи.
Настанот е наменет за стартапи и технолошки („tech”) компании кои се заинтересирани за пристап до инвестиција за раст на нивниот бизнис во глобални рамки.
Целта на настанот е да се запознаете со инвеститорите и да добиете одговори на сите прашања кои би можеле да ги имате.
Присуството е бесплатно и сè што треба да направите е да се регистрирате на ОВОЈ ЛИНК.