Британскиот бренд за чоколадни производи Cadbury во Велика Британија во партнерство со водечката хуманитарна организација за возрасни лица Age UK ја лансираа кампањата „Подарете ги Вашите зборови“. Се работи за специјализирана продавница за облека каде парите немаат вредност, туку добрите зборови.
Age UK е организација која преку продажба на користена облека и други предмети собира пари кои потоа ги вложува во подобрувањето на животот на возрасни лица. Cadbury откупи една цела залиха на облека во продавница на Age UK каде купувачите можат да изберат кој било артикл кој го посакуваат, а во замена треба да превземат обврска дека ќе допрат или раговараат со некоја осамена повозрасна личност.
Во продавницата не постојат ознаки за цена – тие се заменети со етикети на кои пишува одредена акција која што купувачите треба да ја извршат за да го „платат“ артиклот, а тоа може да биде едноставно „здраво“ на постара личност на автобуска станица, краток разговор со возрасен комшија или телефонски повик до повозрасен роднина.
Кампањата е дело на агенцијата VCCP.