Едно до водечките осигурителни групации во Јадранскиот регион, Триглав Осигурување, објави конкурси за вработување на Виш програмер, Проектант аналитичар и Соработник за поддршка на апликативни решенија.
Од компанијата нудат динамична работа во индустрија која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Заинтересираните ќе имаат можност да работат во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата.
„Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила“ – посочуваат од Триглав Осигурување.
Повеќе информации за отворените работни места и начинот на пријавување може да се најдат на следниот линк.