И оваа година на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ од 19 до 22 септември ќе биде откриено кој ги имаше најдобрите дигитални кампањи во вкупно девет категории. SoMo Borac се доделува седма година по ред, а досега има 765 пријави, 124 доделени статуетки, 54 победници, 122 членови на жирито и околу 2.300 посетители на доделувањето на наградите.
Нова категорија – One-Hit Wonder
Оваа година има новости и во категориите. Категоријата која беше позната како Вирален блокбастер е заменета со нова – категоријата One-Hit Wonder! Во неа се наградува еден единствен пост кој предизвикал лавина на реакции, коментари, споделувања и кој со самото тоа постигнал голем успех. Ниту останатите категории не се ништо помалку интересни, а можете да ги погледнете на www.somoborac.com, каде што се наоѓаат и кампањите на сите досегашни финалисти и победници.
Кој е во жири?
Одлука за најдобрите и оваа година ќе донесат експерти за дигитален маркетинг од најдобрите агенции од целиот регион. Тоа се:
Жељка Вугер (404, Хрватска), Матеј Шполер (Infinum, Хрватска), Иван Ковачевиќ (Bruketa&Žinić&Grey, Хрватска), Борис Личина Борја (BBDO Загреб, Хрватска), Томислав Бадер (агенција Швајцарија, Хрватска), Марио Микиќ (Human, Хрватска), Ана Марија Малиќ (Degordian, Хрватска), Сашо Димитриевски (Pristop, Словенија), Матијаж Герм (Агенција 101, Словенија), Лука Бајс (Grey Љубљана, Словенија), Даниела Тепшиќ (Mania marketing, БиХ), Вања Партало (Aquarius, БиХ), Дамјан Дано (Glitch Agency, Македонија), Жарко Димитриоски (Еден на Еден, Македонија), Вољена Даничиќ (Direct Media, Србија), Марија Обреновиќ (Communis, Србија), Милена Максиќ (Ovation BBDO, Србија), Здравко Кеврешан (Drive, Србија), Ива Митровиќ (Fullhouse Ogilvy, Србија), Александра Бошковиќ (Bild Studio, Црна Гора).
SoMo Borac се доделува во рамките на Викенд Медиа Фестивал во Ровињ кој го посетуваат повеќе од 4 илјади луѓе. А вистинско време за почеток на подготовките на пријавите е токму сега. За добри видео пријави се потребни подготовки, сторибордови, собирање на резултати и идеи како својата кампања ќе им ја презентирате на жирито. Добро е да се погледне на www.somoborac.com како тоа го направиле финалистите и победниците од изминатите години и да прочитете што сугерираат членовите на жирито.