Јубилејниот 10. SoMo Borac оваа година добива три нови категории
Отворени се пријавите за јубилејното 10-то издание на регионалните награди за дигитални кампањи SoMo Borac, а кандидатите оваа година ќе можат да ги пријават своите кампањи во три нови категории – SoMo Growth, SoMo Global и DA – Digital Activation. Овогодинешното доделување на наградите за прв пат ќе се одржи во Загреб, каде ќе се соберат најголемите регионални експерти од областа на дигиталниот маркетинг.
„Чувствувајќи ги пазарните придвижувања и новите пазарни трендови, секоја година се прилагодуваме и носиме новитети. Среќна сум што со трите нови категории ќе обезбедиме дополнителен простор за препознавање врвни дела кои никогаш не ѝ недостасуваат на дигиталната сфера. Ги повикувам сите да ги пријават своите кампањи во една од десетте категории, да се препуштат во рацете на експертите и да им покажат на клиентите зошто токму тие биле најдобриот избор“ – истакна Ружица Врдољак Личина, извршна директорка на наградите SoMo Borac.

Категориите SoMo Growth и SoMo Global носат нов начин на оценување на кампањите, така што 70 проценти од оценката ќе се заснова на резултатите, додека оригиналноста, креативноста и квалитетот на изведбата ќе се оценуваат со по 15 проценти. Жирито е составено од дигитални експерти од најдобрите агенции од целиот регион, а оваа година им се придружуваат и претставници на startup и scaleup секторите.
Целта на овогодинешниот SoMo Borac е да создаде заедница која придонесува за развој и позиционирање на професијата во регионот и ги поврзува сите кои се занимаваат со дигитален маркетинг на домашно и меѓународно ниво.
„Во 10 години SoMo Borac, учествував на натпреварот од страната на клиентот, како дел од агенција и како член на жирито. За мене, SoMo Borac беше и останува најрелевантната дигитална награда во регионот, така што ми претставува голема чест да бидам прв меѓу рамноправните членови на жирито оваа година. Од позицијата на CMO во SofaScore, особено сум среќен што од оваа година имаме нови категории кои ја поттикнуваат ефикасноста, а покрај домашните „вообичаени осомничени“, со нетрпение го очекувам учеството на ИТ/Стартап маркетинг заедницата која продава домашна маркетинг интелигенција на глобалниот пазар“ – додава Иван Ковачевиќ, претседател на жирито на SoMo Borac и директор за маркетинг во SofaScore.

Македонски претставник во годинашното жири е Жарко Димитриоски од BDG Agency. Целосната листа на жири-членови е достапна на официјалната веб-страница на SoMo Borac.
Новостите поврзани со SoMo Borac може да се следат и на Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube, како и со претплата на newsletter-от на SoMo Borac. Повеќе детали за сите десет категории (SoMo Social, SoMo Content, DA – Digitalna Aktivacija, Digitalni Mix, SoMo Tech, SoMo Web, CM Godine, SoMoRitanac, SoMo Growth и Somo Global) може да се најдат на следниот линк.