Системот за пријавување на Golden Drum е официјално отворен за поднесување кампањи. Огласувачите, агенциите и другите професионалци за маркетинг комуникации можат да ги пријават своите проекти до 5 август 2022 година. Дополнително, фестивалот ја воведува котизацијата за Super Early Bird и ги продолжува попустите за квантитет и за поткатегоријата посветена на Ковид-19.
Пријавувањето за Golden Drum ќе биде отворено до 5 август 2022 година, а фестивалот ги прифаќа сите кампањи што биле емитувани, објавени или имплементирани за прв пат помеѓу 1 септември 2021 и 5 август 2022 година.
Агенциите, огласувачите, клиентите, дизајнерските/продукциските куќи, медиумските компании и другите креативци од 36 земји се поканети да ги поднесат своите дела во четири различни главни категории: One-Channel Drum, Omni-Channel Drum, Craft Drum, Creative Business Excellence Drum, и специјалната секција на Големото Жири.
Партнерство со Little Black Book
Во 2022 година, Golden Drum го продолжува своето партнерство со Little Black Book. Секој добитник на Grand Prix награда на фестивалот ќе биде вклучен директно и бесплатно во The Immortal Awards. Периодот на подобност за The Immortal Awards трае од 1 септември 2021 година до 31 август 2022 година.
Компанијата која го пријавила победничкото дело добива бесплатно членство во Little Black Book (во вредност од £1000) што ќе им овозможи да влезат во Immortal Awards, како и да им понуди можност да ги искористат предностите од сите понуди на Little Black Book.
Golden Drum во меѓународните рангирања
Фестивалот Golden Drum повторно беше избран за еден од седумте регионални фестивали во светот и вклучен во рангирањето WARC Creative 100 за 2022 година, кое ги следи креативните наградни фестивали низ целиот свет и делува како репер за креативна извонредност. Понатаму, Golden Drum е вклучен и во AdForum Business Creative Report, единствениот од ваков вид, кој им овозможува на огласувачите и агенциите да го одредат своето креативно влијание наспроти конкурентите во истиот сектор.
Воведување на Super Early Bird
Со котизацијата Super Early Bird, достапна до 20 април 2022 година, натпреварот Golden Drum сега е достапен и за субјектите со помал буџет за фестивалско учество. Учесниците можат да изберат меѓу Super Early Bird, Early Bird и стандардните цени за пријавување.
Планирани се и дополнителни попусти. Бидејќи Ковид-пандемијата сé уште не е завршена, Golden Drum ја задржува групата „Ковид-19“ во категоријата на Големото Жири и поставува 50% пониска котизација за пријавување во оваа група.
Попустот за квантитет 10 + 1 ќе го има и во 2022 година: ако пријавите 11 кампањи, пријавата со најниска котизација ќе биде прифатена бесплатно.
Нова цена за пријавување на серија кампањи
Фестивалот Golden Drum нуди и нови можности за пријавување на серија кампањи во натпреварувањето. Котизацијата за серијата ќе се наплаќа на следниот начин: првата пријава во серијата ќе се наплаќа според котизацијата за поединечната категорија (како што е објавено на веб-страницата на Golden Drum), додека за секоја дополнителна пријава во серијата ќе се наплаќа паушална такса од 50 € по пријава.
Фестивалот Golden Drum се откажува од котизацијата за украинските агенции на ова издание на фестивалот во знак на симболична поддршка.
Погледнете ги сите новитети што ги претстави фестивалот: на следниот линк: https://goldendrum.com/competition/whats-new
Клучни информации за натпреварот
Краен рок за пријавување: петок, 5 август 2022 до 23.59 часот
Краен рок за Super Early Bird: среда, 20 април 2022
Краен рок за Early Bird: петок, 10 јуни 2022
Жири на Golden Drum: https://goldendrum.com/competition/juries
Систем за пријавување: https://engine.goldendrum.com/
Цени за пријавување: https://goldendrum.com/competition/competition-fees-payment/one-channel-drum-prices