ADFEST ги отвори пријавите за наградите ADFEST 2019 Lotus Awards. Фестивалот и доделувањето на наградите ќе се одржи во PEACH Royal Cliff Hotels Group во Патаја на Тајланд, од 20 до 23 март 2019 година.
ADFEST воведе четири големи промени во категориите за Лотус наградите за следната година. Имено, воведена е нова категории eСommerce која ќе му оддаде почит на иноваторите и кампањите во областа на онлајн трговијата. Исто така, се преименува категоријата Promo Lotus, која сега е наречена Brand Experience & Engagement Lotus. Категоријата Radio Lotus, исто така, е преименувана и сега се нарекува Audio Lotus, со цел да ги следи иновациите кои се случуваат во рамките на категоријата радио со развој на подкасти и дигиталните технологии, додека категорија Brandend Content Lotus од следната година ќе се нарекува Branded Entertainment Lotus.
Џими Лам, претседателот на ADFEST, вели: “Одлуката за воведување на категоријата eCommerce Lotus го препознава растот на е-трговијата во оваа дигитална ера и веруваме дека овој сектор ќе продолжи да расте, бидејќи однесувањето на потрошувачите се повеќе се префрла во безготовинско општество. Преименувањето на некои категории во следната година, е одраз на нивните поинклузивни и ажурирани дефиниции. “
Најпрестижните категории на ADFEST се INNOVA Lotus, кои оддаваат признание на најиновативните идеи од регионот и Lotus Roots, единствената награда во светот која го слави креативното влијание на локалната култура.