Денови на комуникации, меѓународно признат фестивал како еден од најдобрите на светот, ќе се одржи од 2 до 5 април 2020 под називот „F*** advertising. Love advertising.“ Најголемите светски креативци, највлијателните поеднинци во рамките на комуникациската индустрија, футуристи и евангелисти се само некои од предавачите кои ги најавуваат организаторите на фестивалот.
Речиси 3.000 домашни и странски маркетинг стручњаци, стручњаци за односи со јавноста и дигитална комуникација, дизајнери и други професионалци кои се занимаваат со пазарни комуникации ќе се соберат на познатата локација во хотелот Lone во Ровињ на почетокот на април 2020. Осмото издание на Денови на комуникации, кои British Association Excellence Awards го избраа за еден од најдобрите светски настани, се одржува под слоганот „F*** advertising. Love advertising.“ Со самокритичен пристап кон професијата, со оваа необична порака организаторите на фестивалот настојуваат да ја поттикнат целокупната комуникациска индустрија на креативно размислување, делување надвор од рамките и креирање нови квалитетни решенија со поглед кон иднината.
„Во текот на целата година го обиколуваме светот и ги бараме 20-те најинтересни креатори кои ќе ги донесеме во Ровињ. Оваа година, тие се навистина големи ѕвезди, почнувајќи од ТЕД предавачи со десетици милиони прегледи, највлијателните луѓе во индустријата и врвни креативци во светот, па се` до футуристи, евангелисти и многу повеќе. Сите ние ќе научиме многу работи, но и одлично ќе се забавуваме. Среќни сме што Денови на комуникации стана место на кое нашите предавачи се враќаат повторно, па затоа размислете дали сакате да го пропуштите новото издание на фестивалот“, истакна Дуња Ивана Балон, директор на фестивалот и програмата, додавајќи дека фестивалот оди чекор понатаму секоја година затоа што „предавачи на Денови на комуникација не се луѓе кои само зборуваат за трендовите – туку ги создаваат “.
Последното издание на Денови на комуникација го одбележаа 65 предавачи, 102 партнери и спонзори, 287 натпреварувачки пријави и 51 награда. Дел од позитивната возбуда и добрата атмосфера, кои од година во година го одбелажуваат овај фестивал, беа угледни светски имиња како Сер Мартин Сорел, лидерот кој ја изгради најголемата маркетинг мрежа во светот WPP, злогласниот ко-основач на The Pirate Bay – Питер Сунде, поранешниот глобален креативен директор на Твитер Џaјанта Џенкинс, еден од најголемите светски креативни умови, Сузан Кредл и многу други.
Пријавите за учество на Денови на комуникации се можни на официјалната страница на фестивалот, која овие денови доби ново руво. На страницата се прикажани сите информации за купување на early bird котизации, како и сместување во врвни хотели во Маистра чии сместувачки капацитети ќе бидат исполнети во следните неколку недели поради големиот интерес, па затоа организаторите ве покануваат што побрзо да го резервирте своето место.