Наградите Effie се меѓународен симбол на ефективноста во маркетингот. Им се доделуваат на најефикасните агенции и огласувачи за проекти кои особено се истакнале на пазарот со своите резултати, а како членови на жирито, водечки експерти традиционално се дел од овој престижен натпревар во организација на Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA).
Во 2021 година, на Effie Awards Europe се воведени нови категории за подобро презентирање на маркетиншките и деловни предизвици со кои агенциите и огласувачите се соочија оваа и претходната година. Тие вклучуваат категорија за игри на среќа, е-спорт и решенија за маркетинг иновации, препознавајќи ја улогата на маркетингот во создавање деловни и производни решенија и трансформирање на корисничкото искуство.
За да обележи голем број неочекувани настани, Effie Awards Europe ја воведе категоријата и Crisis Repsonse / Critical Pivot за брендови кои ефикасно ја насочиле својата маркетинг програма или деловни активности како одговор на настани како што се Covid-19, Black Lives Matter, итн.
Сите новости и категории може да се најдат на официјалната веб-страница www.effie-europe.com, а пријавите за оваа година се отворени до 10 септември 2021 година.