Натпреварувањето влегува во својата трета година – уште еднаш поканувајќи ги брендовите и медиумите да им се приклучат на креативците во уникатно глобално жири
Лансирани среде пандемијата, PHNX Awards еволуираа во годишна прослава на истрајноста на креативноста.
Во 2020 година, AdForum ги лансираше PHNX Awards како еден од начините да се поддржи нашата индустрија и да се докаже дека ништо не може да ја спречи креативноста. Првично како еднократна награда, нејзиниот успех доведе до воспоставување на нов „играч“ во пејзажот на глобалните награди.
Како и во претходните изданија, PHNX ќе собере разновидно жири составено од креативци, маркетери, новинари, стратези, лидери на агенции и консултанти – единственото жири од ваков вид.
Со цел наградите PHNX да бидат што е можно попристапни, иницијалното пријавување е бесплатен, со последователна котизација од 150 евра по пријава САМО доколку проектот влезе во потесен избор. Ова е вака дизајнирано за да ги одржува работите фер, но истовремено и ги покрива трошоците.
Конкурсот за пријавување е отворен од 1 февруари до 1 мај, при што потесниот избор ќе биде објавен на 16 мај.
Големото жири потоа ќе гласа за златните, сребрени, бронзени и Grand Prix кандидати. Победниците ќе бидат наградени при онлајн церемонија закажана за 16 јуни.
Како и секогаш, целта на PHNX наградите е да се прослават луѓето позади извонредните кампањи. Организаторите ги повикуваат агенциите, фриленсерите, брендовите и продукциските компании да се пријават во внимателно курираниот избор на 25 категории, со фокус на вештината.
Филип Пажет, извршен директор на AdForum и основач на PHNX, изјави: „Од првиот PHNX експеримент, видовме дека има место во светот за високо пристапен натпревар оценуван од еден поразличен вид на жири – жири составено од секој агол на нашата индустрија. Стандардот на пријавени проекти е секогаш извонреден и ми причинува големо задоволство да видам како PHNX повторно полетува“.
Повеќе информации за PHNX Awards на следниот линк: www.adforum.com/phnx