Огласувачки агенции, дизајн студиа, продукциски куќи, дигитални експерти, ПР агенции, медиумски компании и таленти од секој агол на креативната заедница, имаат можност да го видат својот проект на светската сцена со пријавување на единствените глобални награди за креативност во кои за победниците одлучуваат претставници од новинарската фела.
Тоа значи дека ова е единствената глобална креативна награда која по својата природа е имуна на пристрасност; таа е повеќе од само награда, бидејќи претставува меѓународна ПР платформа и има богата традиција на наградување на креативната извонредност повеќе од 30 години.
Повеќе од 200 новинари ќе ги оценуваат вашите проекти, експерти од водечките медиуми посветени на индустријата (како Adweek, Creative Review, Campaign, Shots, Stratégies, вклучувајќи го и нашиот медиум Marketing365), како и меинстрим публикации (како на пример, C-NET, Marie-Claire, Forbes) од повеќе од 50 земји. Овде можете да ја видите целата листа на жирито.
Победниците во секоја категорија добиваат Epica Awards пирамида и ќе бидат презентирани во годишната книга Epica, вистински извор на инспирација, кој се доставува до сите учесници, плус клиенти, новинари, инфлуенсери…
Претседател на жирито оваа година е Тони Чемберс, бренд и контент директор на магазинот Wallpaper и страстен поддржувач на креативни идеи.
Наградите Epica Awards се отворени за пријави до 30 септември, а своите проекти можете да ги пријавите тука.