Креативниот фестивал Golden Drum и Словенечкото туристичко биро ги повикуваат младите креативци ширум светот да се приклучат на натпреварот Young Drummers и да не ја пропуштат можноста да го покажат својот талент на фестивалската сцена.
Овогодинешната задача на натпреварувачите ќе биде да смислат постер или видео на темата: „Hey you, become the future of tourism!“ („Еј ти, стани иднината на туризмот!“).
На натпреварот можат да земат учество сите креативци помлади од 30 години, кои своите пријави треба да ги достават најдоцна до 5 август 2022 година. Авторот на најдоброто креативно решение ќе биде награден со 1.000 евра и ќе биде промовиран за време на фестивалот Golden Drum 2022.
Победникот ќе биде избран од страна на петчлена жири-комисија, предводена од Гада Вали, основач и креативен директор на Wali’s Studio од Египет. На неа ќе ѝ се придружат и: Ханде Арслан, основач и креативен директор на Uber од Турција; Флоријан Кноглер, креативен директор во Zunder од Австрија; Катја Наред, проектен менаџер за контент маркетинг во Словенечкото туристичко биро; и Тина Срачњек, проектен менаџер за дигитал контент маркетинг во Словенечкото туристичко биро.
Повеќе информации за натпреварот Young Drummers можат да се најдат на следниот линк.