Сајт на Годината е манифестација која по шести пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами KeepAnEye, а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.
Веб сајтовите кои учествуваат во избор за Сајт на Годината, може да бидат пријавени од секој интернет посетител на овој сајт преку формата за пријавување, или од страна на жири комисијата. Секој интернет посетител може да пријави минимум еден сајт во една категорија или по еден сајт во сите категории. Еден ист сајт може да се натпреварува во максимум 6 категории.
Рокот за пријавување на сајтови е од 09.11.2015г. до 19.11.2015г.
Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2015 година ќе се одржи на 13.12.2015 во фоајето на МОБ во 19:00 часот.
Изборот за Сајт на годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградувањае на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.