Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ќе се одржи по 26-ти пат во крајбрежниот словенечки град Порторож. Хотелот Slovenija ќе биде домаќин на Golden Drum и пријателите, обединети под заедничкиот слоган “Creativity 4 Change” („Креативност за промени“), од 17 до 18 октомври 2019 година.
Рокот за пријавување на кампањи е отворен до 13 август 2019 година, а истиот краен рок важи и за првите “Early Bird” резервации за учество. Mastercard, партнерот на вториот по ред фестивал без кеш, овозможи уште попристапни цени оваа година.
Кампањите кои ќе се пријават во категоријата “WHY” ќе бидат оценувани од страна на стручно жири предводено од Алваро Родригез, генерален извршен директор и генерален креативен директор на агенцијата Fullpack од Бразил. Претседател на жирито за категоријата “WHAT” ќе биде Тифани Ролфе, извршен потпретседател и извршен креативен директор во агенцијата R/GA од САД. Секој од нив ќе биде придружен од уште 10 професионалци од креативната индустрија.
Традицијата на натпреварувањето “Young Drummers” за млади креативци под 30 години продолжува и оваа година, a ќе биде поддржанo од Словенечкото туристичко биро.
Во „Golden Drum Hall of Fame“ оваа година ќе биде инициран Андреј Губајдулин, извршен креативен директор и соосновач на креативната агенција Voskhod од Русија.
Со мали промени во должината на програмата и побрзите и подинамични формати на дискусии, Golden Drum ќе ја донесе фестивалската програма поблиску до оние чие време е редок луксуз. Во текот на два дена, фестивалската сцена на Golden Drum ќе биде домаќин на околу 40 говорници од целиот свет кои ќе зборуваат за акциите кои водат кон позитивни промени во различни области, но со фокус на адвертајзингот за подобро утре.
Повеќе информации за овогодинешното издание на Golden Drum можете да најдете на официјалниот веб-сајт www.goldendrum.com.