Како одговор на расечкиот број на брендови кои се приклучуваат кон бојкотот на Фејсбук и ги паузираат своите огласувачки кампањи на платформата, потпретседателот за глобални работи и комуникации на Фејсбук, Ник Клег, објави отворено писмо до огласувачите во кое истакнува дека Фејсбук не профитира од омразата и активно ќе се бори против неа.
Целосниот превод на писмото следува во продолжение:
„Кога општеството е поделено и тензиите се високи, тие поделби се пренесуваат и на социјалните медиуми. Платформите како Фејсбук се огледало на општеството – со повеќе од 3 милијарди луѓе кои ги користат апликациите на Фејсбук секој месец, сé што е добро, лошо и грдо во нашите општества ќе најде свој израз и на нашата платформа. Тоа става голема одговорност на плеќите на Фејсбук и другите социјални медиуми да одлучат каде ќе ја повлечат линијата за тоа кои содржини се прифатливи.
Фејсбук наиде на многу критики во последните недели по одлуката да дозволи контроверзните постови на претседателот Трамп да останат на платформата, и се соочи со сомнеж од страна на многу луѓе, вклучувајќи и компании кои се огласуваат на нашата платформа, во однос на нашиот пристап за справување со говорот на омраза. Сакам да бидам недвосмислен: Фејсбук не профитира од омразата. Милијарди луѓе го користат Фејсбук и Инстаграм бидејќи тие имаат добри искуства – тие не сакаат да гледаат содржини полни со омраза, нашите огласувачи не сакаат да ги гледаат, а и ние не сакаме да ги гледаме. За нас не постои ништо друго што можеме да сториме освен таквите содржини да ги отстраниме.
Повеќе од 100 милијарди пораки се испраќаат преку нашите сервиси секој ден. Тоа сме сите ние, зборувајќи едни со други, споделувајќи ги нашите животи, нашите ставови, нашите надежи и нашите искуства. Во сите тие милијарди интеракции, еден мал дел вклучуваат омраза. Кога ќе најдеме постови со омраза на Фејсбук или Инстаграм, ние имаме пристап на нулта толеранција и ги острануваме. Кога содржините се наѓаат на границата да бидат класифицирани како говор на омраза – или пак во однос на некое друго наше правило кое има за цел да го спречи предизвикувањето на штета или задушувањето на гласачите – ние превагнуваме на страната на слободното изразување, бидејќи, во краен случај, најдобриот начин да се спротивставиме на штетниот, разделувачки и навредлив говор, е со повеќе говор. Изложенувањето на сончева светлина е подобро отколку да криењето во сенките.
За жал, нулта толеранција не значи нула инциденти. Со толку многу содржини постирани секој ден, искоренувањето на омразата е како да барате игла во сено. Ние инвестираме милијарди долари секоја година во луѓе и технологија за да ја одржуваме нашата платформа безбедна. Ние го триплиравме бројот на луѓе кои работат на сигурноста и безбедноста – повеќе од 35,000. Ние сме предводници во технологијата на вештачка интелигенција со цел масовно отстранување на содржините со омраза.
И ние правиме вистински напредок. Еден скорешен извештај на Европската Комисија откри дека Фејсбук прегледува 95.7% од сите пријави за говор на омраза за помалку од 24 часа, побрзо од YouTube и Twitter. Минатиот месец известивме дека ние самостојно откриваме речиси 90% од говорот на омраза и го отстрануваме уште пред некој да го пријави – огромен напредок во однос на 24% од пред две години. Ние превзедовме акција против 9.6 милиони парчиња содржина во првиот квартал на 2020 – многу повеќе д 5.7 милиони во претходниот квартал. Исто така, 99% од содржините на ИСИС и Ал Каеда ги отстрануваме уште пред некој да ни ги пријави.
Ние се подобруваме – но не се задоволуваме. Затоа неодамна ги соопштивме нашите нови правила и производи за да се осигураме дека секој ќе остане безбеден, информиран и на крајот ќе го искористи својот глас таму каде што е најважно – на гласачкото место. Ние сфаќаме дека многу од нашите критичари се лути поради потпалувачката реторика која претседателот Трамп ја има постирано на нашата и други платформи, и сакаат да бидеме поагресивни во отстранувањето на неговиот говор. Како поранешен политичар, јас знам дека единствениот начин на кој моќниците можат да се соочат со одговорност е преку гласачката кутија. Затоа сакаме да ја искористиме нашата платформа за да ги охрабриме гласачите да ја донесат крајната одлука самите тие, на денот на изборите. Овој петок, секој корисник на Фејсбук во САД кој е доволно возрасен за да гласа ќе добие информации, видливо прикажани на врвот од нивиот Времеплов, за тоа како да се регистрира за гласање. Ова ќе биде прв чекор во најголемата гласачка информациска кампања во американската историја, со зацртана цел да се регистрираат 4 милиони гласачи. Ние исто така ги ажуриравме нашите правила за спречување на задушувањето на гласачите. Многу од овие промени се директен резултат на фидбекот од заедницата која се бори за граѓанските права – ние ќе продолжиме да соработуваме со нив и други експерти додека ги прилагодуваме нашите правила за да се справиме со новите ризици како што тие ќе се појавуваат.
Се разбира, фокусирањето врз говорот на омраза и другите типови на штетни содржини на социјалните медиуми е неопходно и разбирливо, но вреди да запомне дека огромното мнозинство од тие милијарди разговори на корисниците се позитивни.
Погледнете што се случи за време на пандемијата на корона вирусот. Милијарди луѓе го користеа Фејсбук за да останат поврзани кога беа физички одвоени. Баби и дедовци со внуци, браќа и сестри, пријатели и комшии. И повеќе од тоа – луѓе се здружија за да си помогнат едни на други. Формирани илијадници и илијадници локални групи – милиони луѓе се здружија – со цел да се организираат и да им помогнат на најранливите во своите заедници. Други пак, да ги слават и поддржат нашите здравствени работници. А, кога бизнисите мораше да ги затворат своите врати за јавноста, за многу од нив Фејсбук беше линија на животот. Повеќе од 160 милиони бизниси ги користеа бесплатните алатки на Фејсбук за да допрат до потрошувачите, а многумина ги искористија тие алатки за да го одржат својот бизнис кога нивните врати беа затворени за јавноста – спасувајќи ги работните места и животната егзистенција на многу луѓе.
Уште поважно, Фејсбук им помогна на луѓето да добиваат точни, авторитативни здравствени информации. Ние насочивме повеќе од 2 милијарди луѓе на Фејсбук и Инстаграм до информации од Светската здравствена организација и други јавни здравствени власти, при што повеќе од 350 милиони луѓе кликнале за повеќе информации.
Вреди да се запомне дека кога најмрачните работи се случуваат во нашето општество, социјалните медиуми им нудат на луѓето начин да заблескаат со светлина. За да му покажат на светот што се случува, да се организираа против омразата и да се здружат заедно, а милиони луѓе ширум светот да ја покажат својата солидарност. Сме го виделе тоа во безброј случаи ширум светот – и сега повторно го гледаме со движењето “Black Lives Matter”.
Можеби никогаш нема да можеме во целост да ја отстраниме појавата на говор на омраза на Фејсбук, но постојано се подобруваме во неговото спречување.“