Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum оваа година ќе го прослави својот 30 роденден. Фестивалот кој повеќе од три децении ја слави и наградува креативната извонредност во креативните комуникации, огласувањето и сродните области, го отвори својот конкурс за пријавување.
Креативната заедница повторно ќе се собере за да им одаде признание на најдобрите од најдобрите во својата професија, да слуша и учи од најактуелните експерти во бизнисот и да се вмрежува со своите колеги, од 9 до 10 октомври 2024 година во Гранд Хотел Бернардин во Порторож, Словенија.
Почнувајќи од денес, 1 март, оние кои сакаат да земат учество во натпреварувачкиот дел на фестивалот можат да ги пријават своите креативни проекти кои биле емитувани, публикувани или имплементирани за прв пат помеѓу 22 август 2023 и 21 август 2024 година. Крајниот рок за пријавување е 21 август 2024 година. Сите агенции, огласувачи, клиенти, дизајнерски и продукциски куќи, медиумски компании и други креативци од 42 земји се поканети да учествуваат во шест различни натпреварувачки секции: One-Channel Drum, Omni-Channel Drum, Craft Drum, Creative Media Excellence Drum, Creative Business Excellence Drum, како и во специјалната All Juries Section. Наградите ќе бидат доделни на свечената церемонија која ќе се одржи на 10 октомври 2024 во Порторож, Словенија.
Новитети
Фестивалот Golden Drum ја збогатува конкуренцијата со воведување на нова B2B група во секцијата Creative Business Excellence, нудејќи им на бизнисите нови можности да го покажат својот успех во индустрија што брзо се менува. Категориите во оваа група опфаќаат низа иницијативи фокусирани на B2B, како што се: B2B Brand Re: Fresh, B2B Storytelling итн. Видете ги сите новитети во врска со натпреварот на следниот линк.
Продолжено партнерството со Little Black Book и AdForum; фестивалот останува во WARC Creative Rankings.
Golden Drum уште еднаш го продолжи своето партнерство со Little Black Book – сите проекти наградени со Grand Prix ќе бидат директно и бесплатно вклучени во конкуренција на The Immortal Awards. Компанијата со победничкиот проект ќе добие бесплатно членство во Little Black Book, обезбедувајќи влез во Immortal Awards, како и можност да ја искористи целосната понуда на Little Black Book.
Golden Drum е вклучен и во AdForum Business Creative Report, уникатно рангирање на најнаградуваните кампањи во светот по индустриски сектори.
Резултатите од Golden Drum ќе бидат исто така вклучени во WARC Creative Rankings.
Прочитајте повеќе за натпреварувачките групи и категории на Golden Drum на следниот линк.
Жири
Пријавените проекти на фестивалот Golden Drum ќе бидат оценувани од 56 членови на жирито кои доаѓаат од различни земји од регионот и пошироко. Овогодишните претседатели на жирито на Golden Drum, по натпреварувачки секции, се:
One-Channel Drum Jury: Гај Вијинк, глобален генерален извршен директор на AnalogFolk Group (AFG) од Велика Британија.
Omni-Channel Drum Jury: Кентаро Кимура, меѓународен генерален креативен директор и корпоративен директор во Hakuhodo и основач на Hakuhodo Kettle од Јапонија.
Craft Drum Jury: Пум Лефебјур, ко-основач и генерална креативна директорка на Design Army од САД.
Creative Media Excellence Drum Jury: Џенет Левин, глобална директорка за иновации во Mindshare од САД.
Creative Business Excellence Drum Jury: Адам Керж, генерален креативен директор на Accenture Song Europe од Данска.
Young Drummers Competition Jury: Озге Ѓувен, директорка за дизајн во TBWA/Istanbul од Турција.
Котизација за учество
Сите учесници на фестивалот Golden Drum можат да изберат меѓу Super Early Bird, Early Bird и Стандардни влезници за натпреварот.
За секои десет пријави, учесникот добива една целосна делегатска пропусница за присуство на фестивалот Golden Drum (9-10 октомври 2024, Порторож, Словенија), бесплатно. Повеќе информации за котизацијата се достапни на следниот линк.
Сите украински учесници добиваат 80% попуст на котизацијата.
Во соработка со региналните асоцијации, Golden Drum нуди 20% попуст на делегатски пропусници за нивните членови. На овој линк можете да ја проверите листата на асоцијации со кои фестивалот има склучено партнерство.
Клучни информации
Краен рок за пријавување на креативни проекти: 21 август 2024 до 23.59 часот по централноевропско време
Краен рок за пријавување по Super Early Bird цени: 26 април 2024
Објавување на финалисти: 2 октомври 2024
Наградна церемонија: 10 октомври 2024
Натпреварувачки групи и категории: https://goldendrum.com/competition/groups-and-categories
Жири комисии: https://goldendrum.com/competition/juries
Систем за пријавување: https://engine.goldendrum.com/
Котизација: https://goldendrum.com/competition/competition-fees-payment/one-channel-drum-prices