Bentley Motors, брендот за луксузни автмобили, претстави нова апликација која креира персонализиран дизајн на автомобил, врз основа на страстите, животниот стил и карактерот на корисникот.
Апликацијата The Bentley Inspirator користи софтвер за препознавање на емоции кој создава индивидуализиран автомобилски дизајн. Таа е направена од VML London, кој користи алгоритам за препознавање на емоции базиран врз податоци од 3.4 милиони лица од повеќе од 75 земји.
Софтверот ги следи емоционалните реакции на корисникот при гледањето на кратко видео како дел од апликацијата. Видеото прикажува низа визуелни стимуланси поврзани со различни животни стилови, како сурфање на бранови, публика на музички концерт, или балерина на сцена.
Апликацијата ги регистрира изразите на лицето на корисникот во реално време и ја води приказната во видеото. Потоа, со податоците создава виртуелно Bentley Bentayga. Остнатиот дел од опсегот на Bentley автомобили ќе биде достапен во текот на следните месеци.
Крис Вуд, Managing Director во VML London, изјави: “Бренд како Bentley константно мора да се стреми да ги надмине највисоките очекувања на своите клиенти. Затоа, услугите и содржините кои ги произведуваме мора да бидат креативно амбициозни и изведени без грешка. Тимот на VML и Bentley го постигна ова со Inspirator апликацијата, со која продолжувамеме да ги поставуваме стандардите за дигиталните кориснички искуства во категоријата на луксузот.”