Цела армија на скулптори, ѕидари и дизајнери ги создаде овие уникатни гробишта за австралиската медиумска куќа Фокстел
Многу брендови и медиумски компании од целиот свет во текот на оваа недела го означија почетокот на последната сезона на популарната серија Игра на престоли, но една медиумска куќа тоа го направи дефинитивно на уникатен начин.
Австралиската медиска куќа Фокстел, со помош на голем број на скулптори, дизајнери, уметници и градежници, создаде цели гробишта посветени на незаборавните ликови од серијата.
Оваа несомнено морбидна и апсолутно импресивна инсталација зафаќа површина од 2000 квадратни метри во Centennial Park во Сиднеј, а е осмислен од страна на агенцијата ДДБ Сиднеј.
https://www.youtube.com/watch?v=WNiFknWL4Hw
На гробиштата, посетителите можат да ги посетат специјално дизајнираните надгробни споменици на нивните омилени (или омразени) ликови од серијата, како што се Ходор, Џофри Ленистер, Ремзи Болтон, Кал Дрого и други, а постојат и два мавзолеја за двете големи фамилии на серијата, Старк и Баратеон.
Коментирајќи во врска со подготовката на кампања, главниот креативен директор на ДДБ Австралија, Бен Велш, изјави: “Деталите во изградбата се неверојатни, а ние сме потполно свесни за притисокот кој постои врз нас сето ова да го направиме со големо внимание на деталите. Кога работите со една таква серија, со такви опсесивни фанови, едноставно мора да го дадете апсолутно најдоброто од себе. “