Видеото создадено и објавено од страна на YouTube со кое планираa да ja прослават 2018 година се покажа како целосен дебакл
Се` до оваа недела, со години наназад, позицијата на најнепопуларно видео на YouTube, односно видео кое има најмногу корисници (повеќе 10 милиони) кои ставиле “dislike“ ја држеше Џастин Бибер со песната Baby од 2010 година. Но, минатата недела објавено е видео кое собира дислајкови од корисниците со неверојатна брзина, а неодамна официјално стана најнепопуларно видео на Јутјуб, со дислајкови од повеќе од 13 милиони луѓе.
Особено е интересно што ова видео беше направено и објавено токму од YouTube! Се работи за видео записот YouTube Rewind 2018: Everyone Controls Rewind, во кој компанијата собра некои од најпопуларните креатори на нејзината платформа и во 8 минутна приказна претстави некои од најважните настани на YouTube.
Во моментов, на видеото има повеќе од 143 милиони прегледи, 2,3 милиони лајкови и повеќе од 13 милиони дислајкови, што доволно зборува за реакцијата на повеќето корисници – видеото можете да го погледнете подолу, па не е тешко да се заклучи зошто милиони корисници го критикуваа.
Проблемот на YouTube, смета за еден од најпознатите креатори Marques Brownlee (кој се појавува во ова видео) е тоа што оваа видео платформа, креаторите, јутјуберите и корисниците ја гледаат на еден начин, додека YouTube ја гледа на сосема поинаков начин.
Од Google признаваат дека “симнувањето“ на Џастин Бибер од првото место од листата на најнепопуларни видеа, не им била цел.
“Обидот да се прикаже магијата на YouTube во едно видео е сличен на обидот на фаќање дух во шише“, е нивниот одговор на критиките на корисниците и додаваат дека ги слушаат и ценат реакциите на луѓето на ова нивно дело.