Учесниците во популарното шоу Britain’s Next Top Model во една од неодамнешните епизоди имале задача поврзана со животинските права и беа вклучени во снимањето за најновата кампања на организацијата Пета, која се фокусираше на злоставувањето на животните во борбата со биковите, индустријата со крзна и нехуманото постапување кон животните во циркусите.
Моделите на сетот беа оковани со ланци за циркусна сцена, држеле животински „лешови“ или лежеле избодени како бикови во арена. На тој начин, кампањата покажува како животните во циркусот се присилени да изведуваат неприродни трикови за забава на луѓето, а слична е и идејата со сликите за борба со бикови. Меѓутоа, највознемирувачки се оние слики на кои моделите држат соголени „лешови“ на животни, со цел да ја покажат мрачната реалност на индустријата со крзна.
На снимките се користени реалистични имитации на животни со пораката: „Еве го остатокот од вашиот крзнен капут“.