Меѓу сите авиопревозници во светот, Air Canada е оној кој во последните неколку години вложува најмногу во маркетиншки активности за време на Божиќните празници. Таков е случајот и оваа година, со лансирањето на новата емотивна кампања насловена „Ова е сезоната за верување“ (“Tis the Season to Believe”).
Централниот спот на кампањата отпочнува со сцена на допол семеен дом, каде мајката на своето синче му подарува снежен глобус за збогатување на неговата колеција.
Спотот потоа добива надреална димензија, при што гледаме како личностите поставени во два соседни снежни глобуси оживуваат во своите мини-светови. Во едниот глобус, кој го претставува снежниот и студен сервер, оживува еден маж, додека пак во другиот, топол и тропски глобус, оживува една жена.
Евентуално двете личности почнуваат да создаваат емотивна врска, но не можат да се сретнат лице-во-лице поради стаклкото помеѓу нив. Со помош на малку Божиќна магија, што во реалниот свет би требало да бидат авионите на AirCanada, жената од тропските краишта упсева да го посети мажот во студениот север.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата FCB Canada.