Досега, доколку при пишувањето на текстуална порака на iPhone напишевте „Jeep“, зборот автоматски се трансформираше во емотикон на сино теренско возило. Jeep како бренд не беше многу среќен, особено имајќи во предвид дека терминот е регистриран како трговска марка.
Иако од Jeep никогаш официјално не се пожалиле поради емотиконот, Apple во последниот апдејт на iOS се одлучи да направи промена и да го ослободи Jeep од синиот емотикон, кој сепак ќе продолжи да се појавува на зборовите “SUV”, “car” и “automobile”.
Ослободувањето од емотиконот беше повод за нова кампања на Jeep во која брендот „јасно и гласно“ кажува што е, а што не е Jeep – и дека тоа сигурно не е синиот емотикон, ставајќи го во разни тешки ситуации кои за вистинскиот Jeep би биле природна средина.
Кампањата #ThisIsNotJeep („Ова не е Jeep“) беше создадена со помош на агенцијата Huge Detroit.