Финалето на американската фудбалска лига, попознато како Super Bowl, ќе се одигра на 13 февруари, а со тоа и влегуваме во најзначајниот период од годината за американските огласувачи. Добро познато е дека пивото е одличен придружник при гледањето спортски натпревари, па затоа овој серијал на реклами во следната недела и половина го започнуваме со новата реклама на Budweiser.
Познатиот пивски бренд се надева дека ќе остави свој белег на овогодинешниот Super Bowl така што ќе го врати еден од нивните најпознати слогани: „Овој Bud е за тебе!“ – позиционирајќи се како пиво што ги зближува луѓето.
Рекламата е насловена “Six degrees of Budweiser” („Шест степени на Bud“), а треба да алудира на концептот за „шест степени на одвоеност“, според кој секој поединец може да биде поврзан со кого било друг на планетата преку најмногу шест социјални врски.
Па така, во рекламата следиме пакет од шест пива кој патува од продавница до забавата во нечиј двор. За време на тоа патување, пакетот е поделен помеѓу шест луѓе: музичкиот продуцент Метро Буминг, раперот ПајнеплСИТИ, потоа некој непознат играч на аматерска кошарка, градежен работник, сопственик на камион за брза храна и жена која основала група за поддршка на заедницата среде пандемијата. Наратор на рекламата е познатиот американски актер Кевин Бејкон.
Пораката не кампањата е дека Budweiser е бренд за секого – за суперѕвездите, да, но уште повеќе за луѓето од работничката класа и лаиците, оние кои работат напорно, остануваат гласни и никогаш не отстапуваат – „за луѓето како мене и тебе!“