Еден од најпрепознатливите фестивали во професионалната креативна заедница ширум светот, White Square, кој годишно собира претставници на агенции и брендови од повеќе од 35 земји, го објави жирито за секцијата „Брендирање“.
Пријавените проекти на фестивалот White Square 2024 ќе бидат оценувани од вкупно шест меѓународни жири-комисии, составени врз основа на личните вештини на професионалци од областа на маркетингот, огласувањето и брендирањето од повеќе од 45 земји, добитници на бројни награди во областа на креативноста, како искусни жирирачи на водечките меѓународни фестивали за креативност.
Високото ниво на оценување, професионалната компетентност и непристрасноста во евалуацијата на пријавените проекти се најсилните аспекти на фестивалот White Square.
Оваа жири-комисија ќе ги оценува пријавените проекти во натпреварувачката секција за брендирање, со категориите: Communication Design, Packaging Design, Digital & Interactive Design, Product Design и Brand Environment Design.
Главните критериуми на оценување во натпреварувачката секција за брендирање се креативната идеја и нејзиното извршување, успешната употреба на дизајнерски решенија во дефинирањето на некој бренд или комуникацијата на неговите клучни пораки преку единствен визуелен идентитет.
Покрај натпреварувачката секција за брендирање, заинтересираните учесници за фестивалот White Square 2024 можат да пријават проекти и во следните натпревари: Creative; Marketing Effectiveness; Marketing Services; Media; Digital; Craft; и Mass Media.
Повикот за пријавување е отворен до 3 мај.
За да го пријават својот проект, учесниците треба да го форматираат записот според техничките услови за избраната номинација. Пријавите ќе се оценуваат на англиски јазик, па така сите пријавени проекти мора да бидат преведени на англиски или да имаат англиски „титлови“. За прикачување на пријавите, учесниците треба да се регистрираат на веб-страницата на фестивалот со кликнување на копчето “Submit entry”, да ги внесат сите барани податоци, да поминат низ процесот на поднесување во својот „личен кабинет“ во избраните номинации и да чекаат потврда од модераторите на фестивалот во рок од 3 работни денови. Доколку проектот се вклопува и во други натпреварувачки секции, учесниците можат да го поднесат во дополнителни категории за разгледување од други состави на жирито, што може да ги зголеми шансите за освојување на награда.
Деталниот водич за пријавување проекти може да се најде на следниот ЛИНК.
Победничките проекти на фестивалот White Square 2024 ќе бидат објавени во бројни индустриски медиуми ширум светот, помагајќи им на агенциите и на најдобрите идеи да се промовираат во меѓународната креативна заедница.