Адвертајзинг магазинот The Drum на стартот на секоја нова година традиционално го составува својот ранкинг на најдобрите, односно најнаградуваните креативни агенции во светот за изминатата година (World Creative Rankings).
Листата е составена преку збирна анализа на перформансите на илјадници креативни кампањи во текот на изминатата 2022 година, при што тимот на The Drum ги зема во предвид резултатите остварени на 19-те најценети натпреварувачки креативни фестивали во светот, вклучувајќи ги и нивните сопствени “Drum Awards”.
Покрај листата за најкреативни агенции во светот, магазинот составува и посебни листи за различните региони во светот, вклучувајќи го и нашиот проширен регион на EMEA (Европа, Блискиот Исток и Африка). Најдобрите агенции на таа листа можете да ги погледнете на следниот линк.
Во однос на најдобрите агенции во светот, на првото место се најде агенцијата за огласување на здравствени услуги Area23, дел од групацијата на IPG, која исто така беше прогласена за најдобра креативна агенција во здравствениот сектор на минатогодишното издание на Cannes Lions.
На втората позиција се најде независната креативна агенција Serviceplan Munich од Германија, која пак се најде на првото место на креативната листа за Европа, Блискиот Исток и Африка. На третото и четвртото место се најдоа американската агенција Leo Burnett Chicago и канадската Rethink, соодветно.
Во продолжение ви ја пренесуваме листата на Топ 20 најкреативни агенции во светот за 2022 година:
1 Area 23
2 Serviceplan Munich
3 Leo Burnett Chicago
4 Rethink
5 Alma DDB Miami USA
6 Publicis Italy
7 Impact BBDO Dubai
8 Ogilvy London
9 Gut Agency
10 Dentsu Webchutney India
11 BBDO New York
12 BETC Paris
13 FCB New York
14 David Madrid
15 L&C
16 Zulu Alpha Kilo
17= Droga5 New York
17= We Believers New York
19= McCann Paris
19= AMV BBDO
Целосната листа на Топ 100 најкреативни агенции во светот е достапна на следниот линк.