Кампањата “Palau Pledge” на агенцијата BBDO Њујорк, мрежата BBDO Worldwide, холдинг компанијата Omnicom Group, брендот Burger King и огласувачот Mars се на врвот на топ листите за годината што измина
WARC ги објави резултатите од својот извештај WARC Creative 100, кој претставува независен глобален индекс на креативната извонредност во рекламирањето и наследник на Gunn Report.
Листите претставуваат најнаградуваните кампањи, агенции, мрежи, холдинг-компании, брендови, огласувачи и земји, врз основа на резултатите од анализата од најважните светски и регионални креативни награди во светот во 2018 година.
Кампањата “Palau Pledge“, на агенцијата Host / Havas Sydney, е најкреативна и најуспешна кампања во 2018 година. Како одговор за масовниот туризам, агенцијата и туристичката организација Palau Legacy Project создадоа посебна визна политика за островот Палау за заштита на овој народ од ефектите врз животната средина.
На второто место е кампањата #Bloodnormal на агенцијата AMV BBDO од Лондон за брендот Bodyform / Libresse. Кампањата беше фокусирана на онлајн видеа со кои се разбија табуата и ја прикажаа крвта во позитивно светло.
На трето место се најде проектот „Project Revoice“ на агенцијата BWM Dentsu BWM Сиднеј, за Здружението АЛС, непрофитна организација во рамките на која е развиена иновативна технологија која им овозможи на пациентите со АЛС повторно да зборуваат.
https://www.youtube.com/watch?v=cJrnr7d5FyI
Агенциите BBDO покажаа импресивен успех низ целиот свет и имаат девет агенции кои се рангирани во првите 100, од кои три од нив во топ 10! BBDO Њујорк од втората позиција од минатогодишниот извештај Gunn Report се искачи за едно место и е прогласена за најдобра креативна агенција на светот во 2018 година АМВ BBDO Лондон се искачи од 20 позиција на второто место во овогодинешниот извештај, додека adam&eveDDB Лондон е рангирана на трето место (од четвртата позиција една година претходно).
Затоа BBDO Worldwide е повторно на врвот на листата на агенциски мрежи веќе импресивни 13 години по ред – 12 во Gunn Report, сега и во WARC Creative 100. За овој успех придонесоа 22 различни канцеларии. DDB Worldwide е на второ место, а McCann Worldgroup се трети.
Кога станува збор за холдинг групациите, во горната половина на табелата нема промена во споредба со минатата година. Omnicom сеуште е на прво место, а следат WPP на второ место и Interpublic Group на трето место.
Глобалниот ланец за брза храна Burger King, кој минатата година падна на седмото место оваа година се врати на врвот на табелата и го зазеде првото место за прв пат. Nike падна од првото место на второ, а Pedigre се најде на третото место.
САД ја задржаа титулата на најкреативна земја во светот, а потоа следат Велика Британија и Австралија.
Целосните листи, кои ги претставуваат првите 100 светски наградувани кампањи, најдобрите 50 креативни агенции, агенциски мрежи, брендови, огласувачи, земји и топ холдинг компании, може да се погледнат на www.warc.com/rankings/creative-100.