Најпопуларниот светски интернет пребрувач Google го објави својот традиционален преглед на најпребарувани поими во текот на годината која изминува, поделени по различни категории.
Во сферата на вестите, луѓето најмногу пребарувале за тековната војна во Израел и Газа, по што следува потонувањето на подморницата Титаник. Потоа следуваат четири природни непогоди: земјотресот во Турција и ураганите Хилари, Идалија и Ли. На седмото и осмото место се случаите на масовно пукање во Мејн и Нешвил во САД. На деветото место е барем нешто убаво – индиската вселенска истражувачка мисија Чандраја-3. Но, најпребаруваната десетка на вести ја комплетира уште еден трагичен настан – војната во Судан.
Меѓу најпребаруваните личности, на првото место се наоѓа играчот на американски фудбал Дамар Хамлин, а по него следува актерот Џереми Ренер. На третото место е контроверзната интернет личност Ендру Тејт. На четвртото место е францускиот фубалер Килијан Мбапе, а на петото место е играчот на американски фудбал и нов дечко на Тејлор Свифт, Травис Келце.
Најпребаруван артист во сферата на музиката е Шакира, по што следува американскиот кантри-изведувач Џејмс Алдин. Овој вториот ја има и втората најпребарувана песна “Try That In A Small Town”, веднаш зад јапонскиот хит “アイドル” („Идол“) на музичкото дуо YOASOBI.
Сосем очекувано најпребарувани филмови се “Barbie” и “Oppenheimer”, најпребарувани серии се “The Last Of Us” и “Wednesday”, а најпребарувани актери се Џереми Ренер и Џена Ортега. Во светот на видео-игрите, најпребарувани наслови биле “Hogwarts Legacy” и “The Last Of Us”.
Најпребаруван спортски тим бил фудбалскиот клуб Интер Мајами (новиот дом на Лионел Меси), по што следува кошаркаркиот тим Лос Анџелер Лејкерс. На третото место е фудбалскиот тим Ал-Наср (новиот дом на Кристијано Роналдо), а на четвртото место е тимот на Манчестер Сити. Најпреваруваната петка на спортски тимови ја комплетира кошаркарскиот клуб Мајами Хит.
Најпребаруван стадион во светот Камп Ноу во Барселона, а истиот град го има и најпреваруваниот парк во светот – паркот Гуел. Најпебаруван музеј е Лувр во Париз.
Целосниот преглед на најпребарувани термини на Google во 2023 години може да се разгледа на следниот линк.