BalCannes ги привлекува најдобрите креативни проекти од регионот, а за добитниците на наградите ќе одлучуваат стручните жири-комисии составени од претставници на агенциите, огласувачите и медиумите. Во продолжение запознајте ги експерти кои ќе бидат одговорни за изборот на најдобрите во регионот.
Креативниот напревар BalCannes е клучно место за собирање на најголемите регионални креативци и експерти од огласувачката индустрија. Пријавените проекти ќе се натпреваруваат во 22 различни категории, а во новата сезона ќе ги оценува жири составено од претставници на огласувачите и агенциите.
Дополнително, жирито на професионалните медиуми ќе додели и специјална награда наречена „Editor’s Pick Award“, чија цел е да им оддаде признание на најистакнатите проекти од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.
Експертите од агенциските редови кои ќе ги изберат најдобрите меѓу проектите од целиот регион се:
Дарко Боснар (Imago Ogilvy, Хрватска), Елена Божинова (IDEA Plus 360 Communications, Македонија), Бојан Додевски (McCann Skopje, Македонија), Матјаж Герм (Agencija 101, Словенија), Вељко Голубовиќ (New Moment, Србија), Бојан Хаџихалиловиќ (Fabrika, Босна и Херцеговина), Бранкица Јанковиќ (Aquarius, Босна и Херцеговина), Ѓорѓе Јанковиќ (Friday Finally, Србија), Елма Кадриќ (Via Media, Босна и Херцеговина), Нермин Нино Касуповиќ (Effect Agency, Босна и Херцеговина), Петра Крулц (Futura DDB, Словенија), Тина Лугариќ (Trampolin, Словенија), Предраг Николовски (AdValue, Македонија), Сара Пренц (Studio Tumpić/Prenc, Хрватска), Ања Радуловиќ (Leo Burnett Belgrade, Србија), Клемен Шефер (Pristop, Словенија), Дејан Спиркоски (Saatchi&Saatchi, Македонија), Гордан Турковиќ (CTA komunikacije, Хрватска), Жарко Вељковиќ (Jazavac i Utorak, Србија) и Синиша Валдингер (Bruketa&Žinić&Grey, Хрватска).
Огласувачката перспектива ќе биде претставена од следниве експерти:
Амра Бабиќ (BBI Banka, Босна и Херцеговина), Бранка Бајт (Hrvatski Telekom, Хрватска), Јован Бугарчиќ (AD IMLEK, Србија), Хрвоје Филипчиќ (Perutnina Ptuj, Словенија), Ивана Фочиќ (Radenska Adriatic, Хрватска), Мања Градишек (NLB, Словенија), Ирена Кнежевиќ (Hemofarm Banjaluka, Босна и Херцеговина), Марина Кнежевиќ (Kraš, Хрватска), Миа Ласиќ (Addiko Bank, Хрватска), Наѓа Лутвикадиќ Фочо (BH Telecom, Босна и Херцеговина), Миодраг Маринковиќ (Frikom, Србија), Маја Наумовска Савеска (HALKBANK AD Skopje, Македонија), Јелена Павиќевиќ (Apatinska pivara, Србија), Алеш Петјан (Mastercard, Словенија), Елена Ристовска (A1 Makedonija, Македонија), Анита Срац (Lidl Slovenija, Словенија), Љубица Стојиќ (Violeta, Босна и Херцеговина), Наташа Шарчевиќ (Atlantic Grupa, Србија) и Катерина Теовска (Pivara Skopje, Македонија).
BalCannes Editor’s Pick Award е специјална награда за најдобар проект според критериумите на уредниците и медиумските професионалци, а медиумското жири на BalCannes традиционално се состои од претставници на водечките професионални медиуми во регионот:
Сандра Бабиќ (Lider Media, Хрватска), Ненад Даниловиќ (Advertiser Serbia, Србија), Екрем Дупановиќ (Media Marketing, Босна и Херцеговина), Борис Ефтимовски (Marketing365, Македонија) и Симона Крухар Габершчек (Marketing Magazin, Словенија).
На натпреварот може да се пријавуваат целосни, интегрирани кампањи, како и поединечни, уникатни делови во рамките на една кампања што претставуваат единствена идеја имплементирана во текот на двегодишниот квалификациски период од 20 јануари 2023 година до 20 јануари 2025 година. Крајниот рок за пријавување трае до 20 јануари 2025 година.
Пријавувањето на BalCannes е исклучително едноставно – доволно е да го пополните формуларот за апликација и да приложите кратко видео резиме или PDF документ, а сите информации за апликацијата се достапни во Правилникот, како и на официјалната веб-страница на натпреварот.