УНИЦЕФ во својата нова кампања ја нагласува штетата што децата може да ја претрпат доколку се сведоци на семејно насилство, а главниот елемент на кампањата е специјална интерактивна онлајн игра.
Играта наречена Violence of Reality, ја создаде агенцијата Edelman Deportivo и ги става играчите во кожата на четиригодишно девојче кое се буди од кавгата на родителите. Загрижено плачејќи, таа (ви) отвора врата за да ги пронајде родителите кои се расправаат во дневната соба. Играчот може да врши интеракција со предметите, како што е топката или семејната фотографија. Кога ќе се доближите до родителите кои се расправаат, единственото нешто што можете да го видите се нивните сенки кои излегуваат од кујната и се оцртуваат на ѕидот од дневната соба. Се слуша крцкање на подот, а родителите откриваат дека сте таму. Таткото станува бесен и неговата сенка расте на ѕидот додека играта завршува.
Потоа, учесниците се поканети да му помогнат на УНИЦЕФ во промената на шведските закони за заштита на децата во домовите под ризик од семејно насилство, со потпишување на посебна петиција.