Популарниот бренд на мајонез Hellmann’s ја објави својата нова реклама која ќе се емитува за време на претстојното финале во американската фудбалска лига – Супер Боул.
Во хумористичната реклама гледаме мачка која умее да „зборува“… и тоа само еден збор: „May-ow!” („Мејо“ – како кратенка за мајонез). Нејзината сопственичка, актерката Кејт Мекинон, но и целата јавност се вчудоневидени од оваа мачка која умее да зборува и се чини дека толку многу сака мајонез.
Мачката станува супер ѕвезда која се појавува на кулинарски телевизиски емисии, потпишува книги, снима реклами, лета со приватен авион, чекори по црвениот тепих, па дури и влегува во „врска“ со комичарот Пит Дејвидсон – иако тоа кратко ќе трае. :)
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција VML.