Сакајќи да го привлече вниманието на агенцијата, Џејд Делани се претвори во жива статуа, а потоа отиде пред канцеларијата на McCann во Бристол
Во потрага по работа, една млада креативка, Џејд Делани, се преобрази во статуата на Бестрашната девојка (Fearless Girl) и ја зазеде нејзината добро позната поза пред канцеларијата на McCann во Бристол. И беше успешна во нејзината намера, бидејќи McCann ѝ понуди едномесечна пробна работа.
Инаку, статуата Fearless Girl е создадена од страна на McCann за State Street Global Advisors и е поставена наспроти еден од симболите на Вол Стрит, „Charging Bull“.
Во обид да го привлече вниманието на агенцијата, Џејд ја обои својата облека и тело со златна боја и ја зазеде познатата поза, со порака пред неа, “Препознај ја моќта на жените во лидерството“.
Објаснувајќи го нејзиниот потег, Џејд изјави: “Всушност, работа во огласувањето нема. Тие се појавуваат и исчезнуваат истиот ден. Се ‘уште не се знам каква улога сакам, но сакав да се испробам во различни улоги, морам да ја пронајдам агенцијата која ми одговара – не може само да упаднам и да речам: дајте ми работа”.
А како дојде до инспирација за овој потег? Џејд вели дека размислувала за тоа како да го привлече вниманието на агенцијата, а по учеството во еден од настаните во McCann, каде што се зборувало за оваа кампања, одлучи лично да стане “Бестрашната девојка“.
Џејд Делани студирала огласување на Универзитетот во Глостер, по курсот за уметничкиот дизајн и медиуми на Бристолската школа за уметност.
Ms. Jade Delaney, an advertising graduate from University of Gloucestershire UK, contacted McCann Bristol today via LinkedIn. Jade later arrived at the office dressed as "Fearless Girl." After a talk, Bristol offered Jade a 1-month trial placement as a creative. Congrats Jade! pic.twitter.com/D0ERaMEZVh
— mccann_mw (@mccann_mw) May 9, 2018