Агенцијата POL истакна една лоша страна на супер брзиот траект Fjord на транспортната линија Норвешка – Данска
Доколку сакате да ја реконструирате познатата сцена од филмот Титаник, знаете дека мора особено да обрнете внимание на наутичката брзина со која плови вашиот брод.
Ако не го сторите тоа, ќе завршите како овај смешен пар кој со сите сили се обидува да одржи некакво ниво на романтика (како Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо), но наместо тоа единствено што им успева е да ги оддува ветер.
Ова и не е баш добра реклама за неостварените “Џек и Роуз“, но е одлична реклама за новиот супер брз Fjord Line траект кој од Норвешка до Данска стигнува за само два часа.
Во ова видео на агенцијата POL од Осло, вклучен е феноменот кој се случува на бродовите во последните неколку децении, откако филмот Титаник освои неколку оскари и оствари историска продажба на билети.
Излегувањето од карантин и сите поврзани стресови што ги преживеа туристичката индустрија, ги натера креативците да одлучат малку да се позабавуваат со Титаник, покажувајќи колку навистина би им било тешко на паровите да ја изведат познатата поза на брзиот таект Fjord FSTR.
„Зошто да не ги дочекаме тешките времиња со некаков лесен хумор, чија тематика нема никаква поврзаност со Ковид?, вели копирејтерот Роберт Радоли.
За да се задржи расположението, тимот се обиде да добие лиценца за тематската песна од филмот „My Heart Will Go On“, но не успеа. Наместо тоа, тие користеа ковер верзија на песната на Џош Гробан, „You Raise Me Up“, во изведба на симфониски оркестар од Источна Европа и пејачката Лиза Сток, за да добијат вистинско чувство и глас што наликува на Селин Дион.
И додека користеа визуелни ефекти за да ги отсликаат бродот и морето, креативците се одлучија и за slow-motion за да добијат смешни изрази на лицата на парот, додека дува екстремно силен ветер. За смимањето не била потребна никаква специјална опрема. „Само најмоќниот компресор за дување лисја што можевме да го најдеме“, изјави Радоли.