Во светот, низ историјата, многу жени дале безброј придонеси во науката, технологијата, инженерството и математиката. Сепак, сеуште е мал процентот на жените во овие области, се навдува во истражувањето на организацијата National Girls Collaborative Project.
Со нова моќна кампања која ги истакнува само некои од тие придонеси, компанијата Chemours има за цел да ги поттикне младите девојки да ја градат својата кариера во областа на овие научни полиња.
Три полуминутни спотови која ги направи агенцијата Ogilvy New York зборуваат за три искусни пионири-жени во науката: Професорката по хемија, писателка и активистка за граѓански права Џозефин Силон Јеитс; физичарката и хемичарката Марија Кири; и бактериолошката хемичарка и инженерка Мери Енгл Пенингтон. Монолозите кои ги читаат млади девојчиња ја глумат младата верзија на овие големи жени-научници и зборуваат за општествените стереотипи со кои се судриле во текот на нината едукација и развој. Кампањата е направена во чест на одбележувањето на Националната недела на хемијата во САД, која ја организира Американското здружение на хемичари, со цел да охрабри повеќе студенти да ја градат својата кариера на овие полиња.
Спотовите можете да ги погледнете во продолжение: