“Мизеријата ја раѓа брилијантноста, вели Канадскиот Sports Chek.”
Видовме мноштво реклами за Олимпијадата кои беа фокусирани на победите и славата на спортистите кои учествуваа во овие Игри. Но во својата кампања за промоција, Канадскиот сајт Sport Chek ја искористи за прикажување на неуспесите за време на Олимпијадата.
Тркачите се сопнуваат, гимнастичарите паѓаат, веслачите се без храброст и безнадежни со страв од загуба, боксерите крварат а велосипедистите се судриле уште во првата минута oд видео снимката, како што Канадскиот поет Шејн Коичзан (Shane Koyczan) го рецитира текстот “Се надеваме дека победата е во твоите раце.”
Што всушност значи ова? Па, пораката станува јасна како што нарацијата продолжува “Посакуваме мизеријата да биде зад тебе… зошто така се раѓа брилијантноста.” Видео филмот завршува со повеќе позитивни снимки од канадски спортисти кои постигнаа триумф за време на Олимписките игри.
Кампањата, со хаштаг #WhatItTakes, креирана од TBWA/Chiat/Day, Њујорк, беше комплетно мобилна и прва видео кампања на Facebook. Дигиталните трошоци изнесуваа околу 80% од целокупниот Рио 2016 буџет за огласување на Sport Chek.