Агенцијата Suprematiкa ги трансформираше распаднатите ѕидови и стилизираните слики од реалниот живот во бренд идентитет
Рускиот синџир на пекари Буше го претстави својот нов бренд преку серија постери и фотографии превземени директно од улиците на својот град, Санкт Петербург.
Брендот во соработка со агенцијата Suprematika разви свој нов идентитет, чија зачада беше да ги претстави “новите вредности” на компанијата која се шири. Агенцијата побара инспирација во ѕидовите на градот, каде што биле пронајдени текстури и палети на бои кои се пренесени на постерите, амбалажата и картичките на пекарница во Буше.
Во герила сегментот на кампањата, агенцијата изработи плакати со исечени силуети на чаши, шолји и колачи, кои се залепени на позадини кои можеби не се традиционално привлечни, но совршено ја дополнуваат саканата слика.
На пример, исечокот на милкшејк од јагоди совршено се вклопува на ѕид покриен со розова боја, додека шолјата за кафе е дополнета со ‘рѓата на една метална ограда.
Во продолжение, погледнете кои се инспирација од фотографии од реалниот свет: