На Денот на одговорни бизниси што денес се оддбележа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите, на неколку компании им беше оддадено признание за посветеност во унапредувањето на човековите права во бизнисот. Признание добија и компаниите што го спроведуваат Mamforce стандардот како алатка за родова рамноправност.
„Алкалоид“, „ЕВН“,„Интер Партес“, „Novomatic group of companies МК“ и „Прилепска Пиварница“ „Фармахем“, „Цементарница УСЈЕ“ добија признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот, додека пак Коузон, Фармахем, Реплек, маркетинг агенцијата Оватион Адвертисинг ББДО и Лион од Свети Николе добија признание за спроведување на Mamforce стандардот.
„Наградата ја воспоставивме за да укажеме на значењето на почитувањето на човековите права во бизнисот и да ја зајакнеме посветеноста на нашите компании во оваа насока.“ изјави помеѓу другото Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.
На настанот се истакна дека бизнисите влијаат на човековите права без разлика каде се и какви се поединостите на нивното работење. Тие имаат одговорност да ги почитуваат човековите права во сите сегменти од своето работење од работните. Компаниите кои само декларативно се придржуваат кон овие обврски, ризикуваат да изгубат бизнис.
MAMFORCE стандардот во Македонија го имплементира Конект. Процесот на имплементација се спроведува преку ревизија на компаниите во коишто се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на прилагодувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции. Компаниите по спроведената ревизија изработуваат акциски план за воведување на дополнителни мерки со коишто се остварува право стандардот. По одреден период се прават проверки и компаниите имаат можност да се стекнат со повисок стандард.