Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, чие 30-то издание ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2024 во Порторож, Словенија, го претстави составот на „Жирито на сите жирија“ (All Juries).
Секцијата “All Juries” се фокусира на специјални тематски групи кои го демонстрираат локалниот дух, општественото добро и дела кои демонстрираат креативен пробив, иновативна промена во процесот или процедурите што го поттикнуваат развојот на огласувањето.
Групата “Game Changer” е единствената група во главниот натпревар што е отворена за апликации од целиот свет. Сите победници во оваа група се вклучени во рангирањето на WARC и The Drum World Creative. Иако групата е отворена за пријавување од целиот свет, само проектите кои доаѓаат од 42-те земји што имаат право да се натпреваруваат во главниот натпреварувачки дел од фестивалот Golden Drum ќе добијат поени во рангирањето на Golden Drum.
Повеќе за секцијата “All Juries” можете да прочитате на следниот ЛИНК.
Поради посебната природа на трите специјални групи во секцијата “All Juries”, финалистите ќе бидат избрани од сите жирија, а потоа оценувани од претседателите на петте жирија и по уште еден претставник од секое жири во избор на организаторите.
Овогодинешното Големо жири на Golden Drum ќе биде претставувано од:
- Гај Вијнк, глобален генерален извршен директор, AnalogFolk Group (AFG), Обединето Кралство
- Кентаро Кимура, меѓународен генерален креативен директор и корпоративен директор во Hakuhodo и основач на Hakuhodo Kettle, Јапонија
- Пум Лефебер, ко-основач и генерален креативен директор, Design Army, САД
- Џенет Левин, глобален директор за иновации, Mindshare, САД
- Адам Керј, генерален креативен директор, Accenture Song Europe, Данска
- Бен Север, генерален креативен директор, ко-генерален извршен директор и партнер, Havas Tel Aviv, Израел
- Михаи Гонгу, генерален креативен директор, Cheil Centrade Southeast Europe, Романија
- Маја Розенфелд, директор за дизајн и партнер во KID Design Riga, вонреден професор и раководител на одделот за графички дизајн при Уметничка академија на Латвија
- Тереза Бачова, директор за нов бизнис и стратегија, Mediaplus Group, Чешка
- Марија Тодорова, основач, генерален извршен директор и генерален креативен директор, NEXT-DC, Бугарија.
Сите информации поврзани со фестивалот Golden Drum можете да ги најдете на goldendrum.com.