BalCannes ги собира најдобрите проекти од регионот, а за добитниците на наградите ќе одлучуваат стручни жири-комисии составени од претставници на агенциите, огласувачите и медиумите. Во продолжение погледнете ги имињата на експерти кои ќе бидат одговорни за изборот на најдобрите во регионот оваа година.
Креативниот натпревар BalCannes е место за собирање на најголемите регионални креативци и експерти од огласувачката индустрија. Проектите се натпреваруваат во 17 категории, а оваа година ќе ги оценуваат жиријата на огласувачите и агенциите, додека жирито на професионалните медиуми ќе ја додели специјалната награда Editor’s Pick, со цел да се изберат најистакнатите проекти од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.
Експертите од редовите на агенциите кои ќе ги изберат најдобрите меѓу проектите од целиот регион се:
Тоше Арсов (New Moment New Ideas Company Skopje, Македонија), Весна Бегановиќ (Via Media, БиХ), Дарко Боснар (Imago Ogilvy, Хрватска), Давор Брукета (Bruketa&Žinić&Grey, Хрватска), Жаре Керин (Futura DDB, Словенија), Ејуб Кучук (MITA Group, БиХ), Јана Савиќ Растовац (McCann Beograd, Србија), Милан Стојанов (Publicis Groupe Macedonia, Македонија), Јуре Товрљан (Pristop, Словенија) и Иван Живковиќ (Pioniri Communications, Србија).
Перспективата на огласувачите оваа година ќе ја застапуваат следниве експерти:
Катја Фашинк (ELES transmission system operator, Словенија), Маја Грбовиќ (Mercator-S, Србија), Марија Јакељиќ (Croatia osiguranje, Хрватска), Ана Марија Либриќ (JGL, Хрватска), Андреа Лиздек (Banjalučka pivara, БиХ), Лидија Ракуша (Spar Slovenija, Словенија), Вилдана Скорупан (Telemach, БиХ), Стефан Тодоровски (Пивара Скопје, Македонија), Ратка Тричовска (Стопанска банка АД – Скопје, Македонија) и Иван Жагар (Jaffa, Србија).
BalCannes Editor’s Pick Award е специјална награда за најдобар проект според критериумите на уредниците и медиумските професионалци, а медиумското жири на BalCannes традиционално се состои од претставници на водечките професионални медиуми во регионот:
Сандра Бабиќ (Lider Media, Хрватска), Ненад Даниловиќ (Advertiser Serbia, Србија), Екрем Дупановиќ (Media Marketing, БиХ), Борис Ефтимовски (Marketing365, Македонија) и Симона Крухар Габершчек (Marketing Magazin, Словенија).
Двегодишниот квалификациски период ги опфаќа проектите реализирани од 20 август 2021 до 16 ноември 2023 година. На натпреварот можат да се пријават целосни, интегрирани кампањи, или поединечни, единствени делови во рамките на некоја кампања кои претставуваат една идија, и тоа од: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.
Доцниот пријавен рок е продолжен за единаесет дена, до 27.11., и нема повторно да се продолжува. Затоа, не ја пропуштајте можноста да се пријавите со одличните проекти на кои работевте во изминатите две години! Искористете ги перспективите на жиријата од агенциите, огласувачите и професионалните медиуми, докажете дека заслужувате да бидете во друштво на најдобрите и да освоите златни, сребрени и бронзени награди во спектарот на категории на деловни активности.
Сите информации се достапни на официјалната веб-страница www.danikomunikacija.com.