Ловот на храмови, галерии и улична храна во Кина е потпомогнат од поинакви QR кодови од оние на кои сме навикнати
Hong Kong Central е најпознат бизнис кварт во Хонг Конг, но Туристичката заедница на Хонг Конг се обидува луѓето да се заинтересираат за него како место за разгледување и пронаоѓање на скриени знаменитости, како храмови, галерии и улична храна. За таа цел, го поврзаа овај дел од градот со соседниот кварт Sheung Wan во област која ја нарекоа „Old Town Central“.
Заедно со Grey Group Hong Kong осмислија четири различни рути за истражување и разделија QR кодови ширум оваа област. Кога туристот ќе скенира еден од овие кодови со својот телефон, доаѓа до веб страницата со рутите за пешачење и други информации за посетителите. Вообичаено, QR кодовите се прилично слични еден на друг, но овие се навистина симпатични, благодарение на тоа што инспирација црпат од уметноста. Така, еден е во облик на традиционален чајник, друг изгледа како храм…
Турите се наречени: Tasting Hong Kong, Crazy for Art, Treasure Hunt и Time Traveler (за локации од културното наследство). Така на пример, турата Crazy for Art, ги води туристите низ галерии, но и покрај улична уметност, како што е огромниот мурал на Брус Ли. Турата која ги обиколува локациите од културното наследство, го посетува храмот Man Mo, како и кројачкиот салон кој изработува традиционална облека, за сите оние кои го гледале филмот “In the Mood for Love” на режисерот Wong Kar-wai.