‘Златниот барабан’ се сели. После 22 години, фестивалот ја менува својата локација од Порторож во центарот на Словенија – преубавата Љубљана. 23-то издание на Интернационалниот фестивал на креативноста Golden Drum ќе се одржи од 18 до 21 октомври во Љубљанскиот замок.
Новиот град-домаќин на фестивалот, Љубљана, е оригинална локација на креативност, култура, традиција, модернизам и прекрасни места. Без разлика на тоа што е рангиран како среден по големина европски град, Љубљана има гостопримливост на мал град со сите карактеристики на еден модерен главен град. Во центарот на градот се наоѓа една моќна средновековна фортификација, Љубљанскиот замок. Со впечатливи погледи, една прошетка низ минатото, одалечена од метежот и вревата на секојдневниот живот, остава белег врз секој посетител.
Golden Drum ќе ги награди најдобрите кампањи на некои од најдобрите креативци. Завршниот рок за пријавување на кампањи е 29 август. Сите кампањи мора да се публикувани, емитувани или имплементирани во периодот помеѓу 1 јануари 2015 и 29 август 2016.