Регионалниот фестивал Weekend Media Festival од самиот почеток ги следи трендовите и актуелностите, а оваа година покрај претставници на медиумската, маркетиншката, комуникациската и индустријата за човечки ресурси, во старата тутунска фабрика во Ровињ ќе присуствуваат и најважните имиња во регионалната и глобалната заедница која развива алатки базирани на вештачка интелигенција.
Во свет каде вештачката интелигенција веќе е инфилтрирана во речиси секој сегмент од бизнисот, AI Weekend од 19 до 22 септември ќе биде еден од првите вакви фестивали што ќе ја поврзе заедницата за развој на вештачката интелигенција со светот на бизнисот и медиумите.
„Од своето прво издание, Weekend Media Festival излегува надвор од границите, секоја година расте и се проширува во нови области. Се трудиме да ги водиме трендовите, па затоа на Weekend.17, покрај HR.Weekend и професионалците од секторот за човечки ресурси, кој ќе го има своето второ издание наесен, ќе бидеме домаќини и на домашната и светската заедница за вештачка интелигенција. Минатата година веќе отворивме бројни теми поврзани со промените што ни ги донесе вештачката интелигенција во бизнисот, но со оглед на тоа што многумина ја споредуваат револуцијата што моментално се случува во технолошкиот свет со онаа што ја направи појавата на Интернетот, убедени сме дека овие теми заслужуваат посебен фестивал“ – објаснува Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival и агенцијата Pepermint.
AI Weekend ќе се одржи во исто време и на исто место, но со специјални предавачи од цела Европа и Америка и теми кои ќе ги проблематизираат сите промени кои вештачката интелигенција ни ги донесе и ќе ги донесе. Идејата е за време на последниот викенд во септември да се поврзат сите експерти на едно место во идиличниот Ровињ, кој веќе е препознаен како најдобро место за вмрежување, размена на бизнис идеи и забава во регионот.
„Заедницата за вештачка интелигенција во Хрватска е воодушевена што ќе бидеме дел од Weekend.17 и ќе имаме можност да ги прошириме знаењата и познанствата и со другите индустрии. Вештачката интелигенција толку многу се пробива во современиот свет што не постои индустрија која вештачката интелигенција не ја допрела или наскоро нема да ја допре, па комбинацијата на медиумската и маркетинг индустријата со ИТ професионалците беше неизбежна. Во однос на бројот на „еднорозите“ во технолошкиот сектор, Хрватска веќе се докажа како една од помоќните технолошки сцени со оглед на бројот на жители, а со овој фестивал сакаме да ја ставиме Хрватска на мапата на светски технолошки конференции. Weekend.17 е идеално место за размена на сите информации, знаења и идеи, како и поврзување на глобалната технолошка сцена со регионалниот деловен свет“ – посочува Мартина Силов, претседателка на здружението CroAI во Хрватска и директорка на AI Weekend.
Така, семејството на фестивалот Weekend се прошири со уште еден член, покрај HR.Weekend кој минатата година во Ровињ ги воодушеви членовите на брзорастечката индустрија за човечки ресурси и отвори многу важни прашања меѓу професионалците за човечки ресурси, работодавците и компаниите, како и меѓу сите оние кои се заинтересирани за развој и примена на иновативни стратегии во управувањето со човечките ресурси.
„Првиот HR. Weekend беше толку успешен што веќе подготвуваме бројни иновации за вториот, како на пример уште една сала каде свои предавања ќе држат некои од најголемите светски експерти од областа на човечките ресурси, што денес веќе не е „кадровска“ тема, туку еден од најважните столбови на секоја компанија. Така настана идејата за HR.Weekend, фестивал кој е повеќе од конференција, со бројни панели и предавања на кои ќе учествуваат сите најважни актери од оваа индустрија, но и тоа важно „викенд“ искуство – дружење, вмрежување и добра забава. Дополнително, сите посетители на HR.Weekend ќе можат да учествуваат во програмата на Weekend Media Festival, AI Weekend и обратно, што ќе ги интегрира сите учесници и нема да ги изолира, што беше нашата цел уште од првиот ден“ – истакнува Даниел Акерман, директор на HR.Weekend.
Веќе е очигледно, Weekend.17 ќе биде најголемиот и најспектакуларен досега, затоа обезбедете ги картите на време на www.weekend.hr и следете ги сите новости на социјалните мрежи Facebook, Instagram и Linkedin.