Home » Во фокусот » Овогодинешното издание на Epica Awards ќе ги наградува општествената одговорност и креативната имагинација

Овогодинешното издание на Epica Awards ќе ги наградува општествената одговорност и креативната имагинација

Организацискиот тим на единствените глобални креативни награди доделувани од страна на новинари – Epica Awards – во Кан го соопштија името на претседателот на жирито за овогодинешното 32-ро издание, воведувањето на две нови награди и лансирањето на специјална адвертајзинг кампања.

Жирирањето, конференцијата и цермонијата за доделување на Epica наградите ќе се одржат во Амстердам од 12 до 15 ноември. Претседател на жирито ќе биде Тони Чемберс, бренд и контент директор на магазинот Wallpaper, кој изјави: „Како некој што е страстен за дизајн, брендирање и комуникации, ќе ми биде задоволство што заедно со колегите новинари од овие области ќе можеме да утврдиме кој ја врши најкреативната работа во овој момент.“

Новата визуелно впечатлива адвертајзинг кампања за овогодинешното издание на Epica Awards е дело на агенцијата Wieden & Kennedy од Амстердам и има за цел да го покаже непристрасниот пристап и уникатното позиционирање на Epica.

Тимот на Epica во продолжение го соопшти и воведувањето на две нови Гранд При награди. Наградата „Responsibility Grand Prix“ ќе се доделува на најдобрите кампањи од јавен интерес и ќе биде поддржана од ACT Responsible, организација која го поддржува адвертајзингот поврзан со одредени каузи.

Наградата „Alternative Media Grand Prix“ ќе биде доделена на најоригиналната кампања во сферата на нетрадиционалните комуникациски канали, како што се амбиенталниот адвертајзинг, адвертајзингот на искуство, перформанси, настани и слично.

Беа презентиранни и две нови категории кон кои ќе се насочи вниманието оваа година: Topical Advertising и Real Time Advertising, покривајќи кампањи кои се всушност реакција на актуелни настани, секако вклучувајќи го и враќањето на адвертајзинг кампањите поврзани со Светското фудбалско првенство.

Марк Тунгејт, уредничкиот директор на Epica, истакна: „Како и секогаш, се обидуваме да еволуираме заедно со индустријата и сметавме дека овие две нови Гранд При награди недостасуваа: една која специфично ќе биде насочена кон креативноста во име на добрите каузи, и друга која ќе ја наградува оригиналноста во рамки на комуникациските канали кои се надвор од традиционалниот адвертајзинг“, додавајќи дека „ќе биде задовлоство да се доделат овие и други награди во Амстердам, која е една од нашите омилени локации поради својата креативна виталност.“

Тој се заблагодари и на партнерите на Epica: Adobe, ACT, AdForum, Euronews, Lürzer’s Archive и Screen Vision Media.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365