Во овој прекрасен и прониклив документарец насловен како “Дали ги паметите тие одлични Volkswagen реклами?”, британскиот режисер Џо Маркантонио ја истражува трансценденталната моќ на адвретајзингот за да им помогне на брендовите да ги надминат своите ограничувања и – во случајот на револуционарните DBB реклами од 1960-те за германскиот автомобилски производител – да воспостават една трајна и живописна слика во срцата и умовите на потрошувачите.
“Ова дело не беше нарачано ни од DBB, ни од Volkswagen” изјави Маркантонио, “Го направив од љубов.” Неговиот татко Алфредо работел како адвертајзинг менаџер на Volkswagen во 1970-те, и во 1982, постариот Маркантонио бил ко-автор на познатата книга за историјата на маркетингот на брендот Volkswagen, од каде неговиот син го презел насловот за својот документарец.
Во скоро 20 минути, филмот претставува микс на архивски снимки и интервјуа, заедно со проникливи коментари од Алфредо Маркантониот и бројни личности од таа “Mad Men” ера кои или придонесле кон рекламите на DDB и VW или биле под влијание на нивниот стил.
Поглeднете: