Времето поминато на социјалните мрежи е на највисоко ниво, а менталното здравје на тинејџерите на најниско. Долгорочното влијание останува непознато. Па, како можеме да го истражиме влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на младите без да ги изложиме на ризик вистинските деца?
Со таа цел, минатата година во Шведска беше лансирана Лајка 13 – првиот тинејџер со вештачка интелигенција целосно израснат на социјалните мрежи. Лајка била развиена од тим специјалисти за вештачка интелигенција, невролог и професор по психологија. Дизајнирана да размислува како типично шведско дете, Лајка потоа била обучена и изложена на содржини од социјалните медиуми кои се најпопуларни меѓу децата на возраст од 12 до 16 години.
Неколку месеци подоцна, Лајка веќе страда од повеќе психолошки нарушувања како анксиозност, депресија и покажува силни знаци на нарцизам и агресија. Нејзината слика за себе е многу ниска, а таа покажува сомнеж кон секој што разговара со неа.
Лајка успеа да го предизвика вниманието на бројни новинари, психолози, социолози, наставници и успеа да ја подигна јавната свеста за ова прашање на свој уникатен начин. Меѓутоа, со оглед на тоа што станува збор за некој со кого тинејџерите можат да се поврзат, најголемото влијание на Лајка беше во училниците.
Над 150 училишта во Шведска побарале нивните 60.000 ученици да се сретнат со Лајка и да научат за влијанието на социјалните медиуми врз младите и да се соочат со негативните ефекти од нивното прекумерно користење. Како резултат, многумина од нив заклучиле дека не сакаат да станата како Лајка – вистински доказ дека еден виртуелен тинејџер може да направи импакт врз реалниот свет.
Проектот е создадена од страна на шведската осигурителна компанија Länsförsäkringar, во соработка со креативната агенција Stendahls.
Заслуги
Агенција Stendahls:
Karl Andersson, Planner
Oscar Plasidius, Creative Director
Ylva Nestmark, Creative & PR Strategist
Oscar Livh, Copywriter
Michael Schultz, Copywriter
Josefin Fridlund, Art Director
Jimmy Svensson, Film & Editing
Viktor Ragnemar, Film & Editing
Karin Hedberg, Client Director
Anna Lotto, Project Manager
Annie Lundgren, PR Strategist
Christofer Falkman, AI Strategy Lead
Kaj Leissner, Digital Project manager
Oscar Risberg, CTO
Oskar Schmidt, Digital Designer
Carolina Hagman, Developer
Клиент: Länsförsäkringar Göteborg och Bohuslän
Helena Isaksson, Marketing Officer
Tobias Groth, Head of Digital Strategy
Karin Haglund, Projektledare Marknadskommunikation
Oliver Häggbom, Digital Marketing
Lisa Bragée, Head of Sustainability
Simma Lugnt: Webb