Еве една слатка, едноставна, забавна кампања од Jung von Matt/Limmat за Швајцарската Пошта (Swiss Post), во градот Луцерн во Швајцарија, во која 30 модификувани пакети скитаа низ улиците, барајќи ги своите наменети приматели.
Технологијата не можеше да биде поедноставна: Пакетите беа придвижувани од далечински управувани автомобили од страна на 30 професионални управувачи на далечински автомобили (да, постои и такво нешто).
Поентата? Ако го пропуштите пакетот кој го чекате, не мора да одите до пошта, туку може да се приклучите он-лајн (или на мобилната апликација на Swiss Post) и да одлучите каде и кога да го подигнете пакетот. Со други зборови, тој ќе дојде до вас.
Во видето, пакетите содржат подароци, а реакциите на примателите, според агенцијата, се снимани ‘во живо’ и без глумење.
ЗАСЛУГИ
Клиент: Swiss Post
Директор за комуникации: Ruth Mathias
Директор на Маркетинг и Он-лајн комуникации: Martin Gonzenbach
Он-лајн Маркетинг менаџер: Monika Dellenbach
Агенција: Jung von Matt/Limmat
Извршен креативен директор: Alexander Jaggy
Креативен директор: Pablo Schencke
Копирајтер: Alain Eicher
Консултанти: Marco Dettling, Roman Meister, Roman Mösli
Art Buying: Deborah Herzig
Надворешни соработници
Режисер: Simon Nagel
Реквизити: Valentin Altorfer
Музика: White Horse Music