Меѓу затворените редакции има и такви кои често се единствениот извор на локални вести во малите градови и се постари од 100 години.
Повеќе од 70 локални редакции ширум Соединетите Американски Држави се затворени поради коронавирусот, а како што пишува институтот Poynter, затворањето продолжува.
Како што менаџерите на медиумите им соопштија на своите читатели, на почетокот на пандемијата на коронавирусот, биле забележани бројни отпуштања поради нивен опстанок, а институтот Poynter пишува дека за некои од нив тоа не било доволно, а медиумите подоцна биле целосно затворени.
Коронавирусот ги затвора малите редакции ширум САД кои често се постари од 100 години и се единствениот извор на вести во малите градови, додека некои редакции често се спојуваат со околните публикации, а тоа значи крај на вестите посветени на тие заедници и губењето на локалните работни места.
Најмалку 14 редакции, според Poynter, сега се во сопственост на CNHI и Forum Communications, а неколку беа или се во моментот во сопственост на локални семејства.
Според студијата на Пени Абернати, професор на Факултетот за новинарство и медиуми “Hussman“ на Универзитетот во Северна Каролина, од 2004 година во САД се затворени околу 1.800 весници и тоа со темпо на затварање од 100 медиуми годишно.
Како што се наведува, ова темпо може да биде побрзо, а истражувањето на Абернати покажа дека трендот на затворање на медиумите, главно неделници, во малите заедници продолжи и за време на пандемијата.
Според листата објавена од Poynter, затворени се медиуми како „The Journal Express“, кој е основан во 1855 година, „The Edmond Sun“, основан во 1889 година, „The Morehead News“, основан во 1883 година и други, а се затворени и некои „понови“ медиуми, како на пример “Waterbury Record“, кој е основан во Вермонт во 2007 година.
Многу од медиумите исчезнале без претходна најава, а дел од нив автоматски продолжиле да ги пренасочуваат корисниците на веб-страниците на другите публикации.
Бил Кетер, виш потпретседател на вести на компанијата CNHI, за Poynter изјави дека компанијата е посветена на спас на локалното новинарство, истакнувајќи дека весниците се соочувале со економски предизвици и пред кризата со коронавирус. Кетер рече дека пандемијата дополнително ја влошила ситуацијата, особено за оние весници кои се потпирале на локалните приходи од малопродажба, додавајќи дека поради сето тоа дошло до спојување на помалите весници со поголемите, со цел да се одржат локалните вести во регионот, пишува Poynter.
Poynter пишува дека за време на известувањето за оваа сторија, биле обновени осум публикации што претходно биле затворени.
Според листата објавена од Poynter, станува збор за публикациите The De Smet News, Lake Preston Times, Nuvo, The Daily Clintonian, The Stanton Register, Burbank Leader, Glendale News-Press, La Canada Valley Sun, кои во 2020 година беа затворени и повторно отворени.
Извор: Poynter