Според „експертите“, 3 часот по полноќ било времето на најголема паранормална активности, односно „глуво доба“. Па, во пресрет на „најстрашната“ ноќ во годината – Хеловин, брендот за брза храна Burger King се реши да го искористи тој податок за специјална промоција.
Секој ден до 31 октомври, почнувајќи од 3 по полноќ, па во следниот еден час, Burger King ќе доделува бесплатни оброци преку својата мобилна апликација.
Фановите ќе треба да ги „издржат“ паранормалните активности, да ги симнат купоните на својот телефон и да чекаат да го добијат својот бесплатен оброк.
Со цел промоција на специјалната понуда, Burger King објави и „страшен“ спот во стилот на популарната филмска франшиза “Paranormal Activity”.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција David Madrid.